Резервниот комплет од клучеви за 180 ќелии од белгискиот затвор Лувеин исчезнал пред седум дена, а властите се плашат дека до нив некако стигнале затворениците, пренесуваат белгиските медиуми.
Вработените во затворот трагаат по клучевите уште од минатиот четврток. Комплетот содржи клуч со кој се влегува во одделението со 180 ќелии и клучеви за врати кои раделуваат 20 затворски секции. Инцидентот е криен од очите на јавноста се’ до денес.
„Оној кој ги има клучевите може да се движи секаде во внатрешноста од затворските ѕидови“ – изјавил еден од чуварите.
Управата на затворот не знае дали клучевите се изгубени или украдени, но за сега не сакаат да откриваат повеќе детали за овој инцидент. Во тек е промена на сите брави во затворот.