Три девојки загинаа, додека две се тепшко повредени во стампедо кое настанало на журката во Мадрид.
Во стампедото на журката за Ноќта на вештерките во Мадрид, ноќеска починаа три девојки, а две се наоѓаат во критична состојба, соопштиле од итната служба во шпанската престолнина.
Сеуште не е познато што го предизвикало стампедото на журката во мадридската арена, каде се слушала електронска музика, пренесува Ројтерс.
“Две девојки загинаа на лице место, а третата умрела подоцна во болница“, изјавил портпаролот на итната служба.
“Дојде до стампедо на еден излез кој беше отворен. Сите останати излези беа затворени“, изјавила една од девојките кои биле на журката, за шпанското радио “Кадена сер“.