Природни начини за отстранување на првут и регенерација на скалпот

popara21 јануари, 20151min00
15

Ако страдате од првут но се двоумите да ставите хемикалии врз вашата глава, можете да се обидете со неколку народни лекови кои ќе ви ги препорачаме:

1. Четкајте ја косата темелно пред да нанесете шампон. Енергичното четкање ќе го намали првутот и придонесе за здрав скалп. Нанесувањето на природни масла на вашиот скалп е исто така добро за косата.

2. Јаболков оцет е добар за скалпот. Мешавина од јаболков оцет со вода (најдобро е по една чаша од двете). Откако ќе завршите со шампонирањето, мешавина нанесете ја на скалпот притоа масирајќи го скалпот.Не ја измивајте косата. Исушете ја косата со сува крпа и оставете ја смесата сама да се исуши врз скалпот. Исплакнете ја косата  8-10 часа подоцна. Исто така можете да ставите неразблажен јаболков оцет врз скалпот. Дозволете да се исуши и исплакнете 2 часа подоцна.

3. Масирајте масло од кокос во скалпот, шампонирајте, а потоа исплакнете. Практикувајте го ова се додека имате првут. Ова може да предизвика навистина мрсна коса но некои луѓе веруваатмногу во овој третман. Предлагаме избегнување на ова, ако имате мрсна коса и пробајте со нешто друго. Овој третман може да биде одличнен за луѓе со сува коса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag