Со цел да го донесе здивот на својата татковина во САД, британецот Крис Сел, кој во Њујорк има ресторан за брза храна, создал рокордно силен сендвич со состојки за типичен англиски појадок.
Овој супер калоричен појадок во себе содржи неверојатни 1.200 калории, а направен е од бел леб, сланина, јајца и печурки. Сето ова се замотува во тесто и се пржи во масло.
Кога се има во предвид дека препорачаната дневна доза за внес на калории за жени 2.000, а за мажи 2.500 калории, тогаш е сосема јасно дека сендвичот на Крис Сел е вистинска калориска бомба која не би требало премногу често да се конзумира.
Како што пренесуваат медиумите, британецот ни најмалку не се грижи за здравјето на своите клиенти, па така во својот ресторан нуди и друга суперкалорична храна како што се поховани парчиња пица, поховани чоколади, макарони со сирење, а поховаат и храна која клинетите ќе си ја донесат.