При претрес на куќата на Беате З., осомничена дека ги убила своите две деца, полицијата пронашла остатоци од уште едно бебе. А се соменеваат дека убила и сокрила вкупно пет деца.
Веата З. (41) од Полска осомничена е дека убила две деца. Утврдено е дека во 2012 родила девојче кое е убиено набрзо по раѓањето, а во 2010 родила син кој е исто така убиен.
Нивните тела полицијата ги пронашла во шупа покрај куќата. Мајката ја пријавиле минатиот понеделник, а во четвртокот откриле остатоци од уште едно новороденче.
-Можно е мајката да убила уште две или три деца – велат истражителите.
Нејзините соседи изјавиле дека неколку пати ја виделе Беата бремена, но децата никогаш не ги виделе. Полицијата случајот почнала да го истражува по пријавата на социјалните служби.
-Жената за време на последната бременост дошла во центарот и барала помош. Службениците подоцна прашале каде е детето, а бидејќи не можеле да го најдат не повикаа, велат од полицијата.
Со Беата живее и нејзината ќерка Катарзина З. Таа изјавила дека никогаш не била бремена, но полицијата сеуште истражува дали сите деца биле на Беата.