Едно британско семејство поранешната еврејска капела, опкружена со гробишта, ја претвориле во семеен дом!
За Џејн Стид и Мајк Бачфор и нивните три деца гробиштата се идеален дом. Тие од некогашната мртвачница си направиле куќа.
,,Се вљубивме во таа стара еврејска капела која датира од 17 век и одлучивме токму тука да направиме дом за нашите деца,, вели Џејн
Таа признава дека нивните пријатели се ужаснати што одлучиле децата да растат на гробишта. Сепак семејството вели ние никогаш не сме виделе духови но ова е дефинитивно најезивата куќа во градот а некгоаш и ние имаме чудно чувство како некој да е тука, вели Мајк
,,Некогаш ми се случува да имам чуство дека некој е зад мене, кучето да не престане да лае, а да нема никој во просторијата,, објаснува Џејн
Тие велат дека не се плашат и дека ова куќа за нив е совршена.
“Штом ја видовме пред шест години, знаевме дека е совршена. Сепак ја задржавме и нашата стара куќа, за секој случај. Не знаевме како ќе изгледа животот на гробишта”, низ шала раскажува Мајк.
Вели дека некогаш се случува случајни минувачи да се доближат и да погледнат низ прозор, но и дека рипнуваат како попарени кога ќе видат како луѓето внатре гледаат ТВ.