Во последно време во некои холандски градови се проширил необичен тренд.
Всушност, во градското подрачје на Амстердам украдени се дури 20 Porsche Panamera и Cayenne, Не автомобилите во целина, туку само нивните фарови.
Причина е тоа што одгледувачите на марихуана сфатиле дека светлината од Порше е идеална за одгледување на маихуана, но не е познато како успеале да дојдат до тој податок.
Светлата наводно овозможуваат совршена светлина и топлина, чинат и до 400 долари по парче, а за да дојдат до нив крадците често дополнително ги оштетуваат автомобилите, па така оштетените сопственици поправката на своите автомобили се принудени да ја платат и по неколку илјади евра.