Дрвото како материјал го врзуваме со производство на мебел, никако не се вклопува со производство на возила. Меѓутоа…
…Дизајнерите ни претставија иновативна употреба на дрво за создавање на атрактивни велосипеди. Последен пример е креацијата на австралискиот архитект Енди Мартин кој користи технологија на виткање со пареа за да направи Thonet техника за велосипед.
Тоа се случило во дамнешната 1859 година кога германско –австрискиот производител на мебел Мајкл Тонет ја дизјанирал добро познатата дрвена столица. По повеќе од 150 години, столицата стана инспирација за изработување на најскапиот велосипед на светот. Да, Thonet велосипедот чини 70.000 американски долари.
Направени се многу скапи велосипеди и претходно, но ниту еден не ја достигна оваа цена. Дизјанерот на многу паметен начин земал елементи од Thonet столицата. Ефикасно ја искористил старата технологија на виткање на пареа и создал едноставно, но многу впечатливо ремек дело. Оваа едноставност за дизајнерот е многу привлечна, а и високо е проценета.