Девет – годишно момче ја испразнило касата на своите родители и потрошило повеќе од 3000 евра на слатки.
Едно момче од украинскиот град Конотоп ја “здиплило” целата заштеда која неговите родители ја собирале за кауч во дневната соба. “Исчезнувањето на парите прв го забележел таткото на момчето кој тоа го пријавил во полиција”, изјавиле од полицијата.
По кратка семејна расправија момчето признало дека ги земало парите, бидејќи сакало да купи слатки, а вкупната потрошена сума изнесувала 3000 евра.
Парите биле депонирани во евра и долари, а момчето од познаник на семејството, за кој е утвдено дека има ментални потешкотии, побарало парите да му ги сени во украинските менувачниици. Бидејќи купил голема количина на слатки, момчето не можело се да изеде, па ги поделил со пријателите.