Тамара Еклстоун можеме да ја видиме во секојдневните изданија поради кои често се наоѓа на мета на критики. Неодамнешното појавување во јавноста повторно предизвика бројни шпекулации.
Секако дека сите очи биле насочени кон Тамара Еклстоун (28) кога на Grey Goose Ball, во организација на Елтон Џон, се појавила во елегантен бел долг фустан со големо деколте.
Што се однесува до облеката, Тамара овој пат не погрешила, но кога е во прашање тенот – да! Младата Еклстоун толку претерала со кварцање што е крајно време малку да застане и да го сочува здравјето.