Кои се заблудите за жените кои се веќе со години општо прифатени? Британските психолози откриле кои се 12-те заблуди за жените.
1. Со векови се мислеше дека мажите се оние кои го носат лебот во куќата. Археолозите откриле дека уште во старите времиња, жените биле оние кои носеле 80% од потребните артикли за основните потреби. Мажите оделе на лов повремено за да уловат големи животни.
2. Жените се повеќе емоционално приврзани со децата и семејството. Психолошките истражувања откриле дека тоа не е точно. Татковците разговараат многу повеќе со своите деца отколку мајките и почесто ги прегрнуваат и бакнуваат.
3. Мајките ги познаваат своите деца по мирисот. Научниците дошле до заклучок дека тоа не е вистина, откако на мајките им биле дадени пижамите во кои спиеле децата. Тие не можеле да погодат кои се пижамите во кои спиеле нивните деца. За разлика од нив мажите можеле да препознаат кои пижами ги носеле бебињата а кои постарите деца.
4. Жените помалку заработуваат. Ова не е точно. Социолошките истражувања велат дека 60% од жените во Европа заработуваат повеќе од мажите.
5. Жените не се агресивни како мажите. Овој мит се побива со статистиката која вели дека бројот на жени кои убиваат е многу поголем од бројот на мажите.
6. Жените се повеќе ранливи и помалку издржливи од мажите. Психолозите истакнуваат дека жените се посилни од мажите, тоа го потврдиле со многубројните студии. Жените се и поупорни и полесно се соочуваат со стресните ситуации.
7. Жените помалку поднесуваат болка. Ова е научно докажано дека не е точно.
Како други митови научниците ги навеле:
8. Жените повеќе преферираат чистота.
9. Жените не сакаат порнографија.
10. Жените се побавни при сексуалното возбудување.
11. Жените имаат подобра интуиција од мажите.
12. Жените имаат помала способност за иновации.