Трогателно: Родителите го објавиле прошталното писмо на синот кој извршил самоубиство!

popara12 ноември, 20121min00
tim_ribberink

Тим Риберник имал само 20 години кога се убил, бидејќи повеќе не можел да ги трпи малтретирањата на околината само поради тоа што бил хомосексуалец. Пред смртта оставил кратко, но трогателно писмо во кое го опишал неговото патење.

„Драги мама и тато, цел живот ме исмејуваа, злоставуваа, малтретираа. Вие сте фантастични. Се надевам дека не сте лути. До следното гледање, Тим“, ова е писмото кое 20 годишното момче Тим Риберник од Хаг го напишал пред да се убие.

Писмото го објавиле неговите родители во локалните весници со цел да се избегнат слични трагедии. Тие раскажале дека нивниот син било добро момче и дека не биле свесни колку пати се до минатата недела кога извршил самубиство.

„Шокиран сум од она што се случи“, коментира Петар Купман, директор на колеџот каде Тим студирал историја. Според неговите зборови, во училиштето никогаш не забележале дека Тим е злоставуван и дека пати.

Неговото самоубиство се случило пред само неколку недели откако се самоуби тинејџерката од Канада Аманда Тод. Таа постави видео на Јутјуб во кое кажува дека била злоставувана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma