Жена од Абу Даби брутално ја мачела, а потоа ја убила својата слугинка зашто не била задоволна од начинот на кој ги извршувала домаќинските работи. Мачителката применувала ригорозни методи како врзување со струјни жици и истурање врела вода врз жртвата.
За нејзината бруталност сведочела на суд и нејзината ќерка, тврдејќи дека нејзината мајка секојдневно ја тепала починатата слугинка и во очите и фрлала пипер. Иако на почетокот на сослушувањето жената го негирала злосторството, подоцна попуштила и ги разоткрила мотивите за својата бруталност.
– Ја мачев зашто беше мрзлива. Сакав да ја натерам да ги заврши домаќинските работи како што треба. Немав намера да ја повредам или да ја убијам – открила виновната. Против неа сведочат и форензичките докази бидејќи после обдукцијата на телото на жртвата, кое е најдено во бањата, востановено е дека слугинката починала од повреди нанесени за време на напад и дека подолг период била мачена.