Времето ви е ограничено, затоа не го трошете живеејќи нечиј туѓ живот!
Не паѓајте во замката на догмата да живеете според мислењето и очекувањата на другите!
Не дозволувајте шумот од туѓите мисли на луѓето околу вас, да го потиснат вашиот сопствен внатрешен глас. И најважното – имајте смелост да го следите срцето и интуицијата. Тие веќе знаат што треба. Се останато е второстепено!
Ослободи се од потребата да добивате потврда и одобрување од другите. Вие не зависите од ничие одобрување!
Ако мислиш „поразен сум“, ќе бидеш! Ако мислиш „не смеам“, нема да смееш!
Ако кажеш „би сакал“, но си мислиш „не можам“, едноставно нема како да успееш.
Ако мислиш дека губиш, „изгубен си“ – ќе ти каже светот.
Ако мислиш „назад сум“, назад си!
Кој мисли високо, не паѓа!
Едноставно треба да бидеш сосема уверен во себе, во она што си, во своите способности и својата оргиналност штом веќе си тргнал да бараш награда.
Не најсилниот, ни најбрзиот се тие што ја земаат наградата. Човекот што ја добива битката е оној кој мисли „ЈАС МОЖАМ“. Срцето никогаш не се откажува, освен ако ти не му забраниш…Тоа секогаш го бара она што му треба и знае како да го најде, дозволи му!
Сакаме пари, нова работа, идеален партнер до себе…И сигурно го заслужуваме сето ова. Но некој, некаде таму, можеби се моли и верува посилно од тебе… и тој добива.
Што е важно што вчерашниот ден не бил таков, каков што си очекувал да биде? Тој е веќе минато и ти не можеш да направиш ништо повеќе…
Но денешниот ден е нешто сосема друго. Тој лежи сега пред тебе недопрен и чист и само од тебе зависи дали тој ќе биде најубавиот ден!