Говедско месо со печурки

popara15 ноември, 20121min00
govedski meso

Потребни состојки:

  • 1кг говедско месо шницли
  • 3 главици кромид
  • 3 лажици путер
  • 3 ловорови листови
  • 300гр печурки
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 100мл бело вино
  • 3 чешниња лук
  • сол

Начин на подготовка:

Испржете ги шницлите на растопен путер, па ставете ги во друг сад и оставете да се оладат. Во меѓувреме ситно исецкајте кромид и со ловорови листови издинстајте во маснотијата во која се печеа шницлите. Наредете ги стековите преку кромидот, посипете со исецкан лук, потоа истурете вода доволно за да се покрие месото. Преклопете и оставете полека да се динста околу еден час. Поремено протресете го садот и ако е потребно, додадете малку вода. Пред крај на готвењето извадете ги шницлите од сад, па додадете шампињони исецкани на листови. Додадете сол и бибер, па кога ќе омекнат, извадете ги и нив. Со мешалка иситнете ја останатата смеса, вратете ги шампињоните, па со целата смеса прелијте ги шницлите. Послужете со ориз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma