Кејт Мидлтон е позната по нејзиниот беспрекорен стил, а за тоа е свесна и Ким Кардашијан. Како и многу други дизајнери и Ким сакала да ја облече познатата војвотка, но тоа не и успеало!
Обидот се случил за време на неодамнешната посета на познатото американско реалити семејство во Лондон каде ја лансираа својата нова модна колекција. Ким на сопругата на принцот Вилијам му испратила неколку парчиња од новата колекција, но го добила назад.
Според весникот Examiner, Кејт Мидлтон не сакала да го прими подарокот од познатата Ким, бидејќи не се вклопува во нејзиниот стил.
“Тешко е да е да се замисли Кејт како во друштво на кралцата се појавува во мини здолниште со леопард принт и златна јакна”, изјавил помалку иронично извор близок на кралското семејство.
Истиот извор тврди дека Ким ја повкала Кејт на чај но и ова било одбиено.
Магазинот Daily Star пишува дека Ким сака да се спријатели со Кејт за нејзината нова модна линија да добие на популарност и во Велика Британија како и во САД.
Ким неодамна го коментираше стилот на облекување на Кејт Мдлтон и притоа изјавила дека Кејт многу и се допаѓа како личност и како моден експерт.
Портпаролот на Кејт Мидлтон изјавил дека ова одбивање на облеката не е ништо ново, бидејќи политиката на кралското семејство е да ги враќаат сите подароци испратени од лица кои не се блиски со семејството.