Што зборува за вас вашиот датум на раѓање?

popara4 декември, 20141min09
6

Бројот на раѓањето се смета за некој вид среќен број. Исто така тој број ги опишува карактерните особини. Тоа е еден од ретките лични броеви што личноста ја следат цел живот.

 

Името и презимето можеме лесно да ги промениме, но датумот на раѓање не. Пресметајте го вашиот број на раѓање така што ќе ги соберете сите броеви во датумот на раѓање и ќе ги сведете  на едноцифрен број.

На пример за личноста која е родена на 15. 08. 1955, премсетките би изгледале вака:

1+5+8+1+9+5+5=34 ;

3+4=7

Значењето на броевите:

1 – еден

Вие сте личност која секогаш оди чекор пред времето. Вие сте зачетник на нови идеи. Често голем број на лидери биле родени во знакот на овој број. Едноставно ја поседувате моќта на уверувањето. Амбициозни сте, можеби помалку претерано, тешко се одрекнувате од своите идеи, па може да се случи токму поради тоа во целост да пропаднете. Но, вие не се плашите од ништо.

2 – два

Вие сте вистинска уметничка душа. Создадени сте за љубов, за давање и споделување. Секогаш повеќе тежнеете кон внатрешното отколку кон надворешното. Ако немате љубов тогаш чувствувате дека немате ништо. Но ретки се луѓето родени во знакот на овој број кои немаат љубов. Можете да го освоите кого и да посакате.

3 – три

Вие сте личност која цврсто стои на земјата. Реално се посматрате себе си и светот околу себе. Не сте склони на илузии и самозалажување. Тоа исто така ве прави добар пријател, никому нема да „му се умилкувате“ ниту пак ќе бидете премногу цинични. Ја имате вистинската мерка во се, тоа ви создава проблеми во односите со спротивниот пол. Не можете без љубов, но неможете ниту да трпите некое возвишено поимање на чувствата. Заради тоа често сте несреќни.

4 – четири

Снаодливи сте и пркатични. Не сте склони кон илузии, ниту кон „забушавање“. Вие сте личност од доверба, тоа што го ветувате и го исполнувате. Премногу сериозно го сфаќате животот, не дека многу знаете да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате од луѓето што ве окружуваат па заради тоа често сте нетолерантни кон пријателите и кон љубовниците.

5 – пет

Имате одличен дух. Го имате сето она што една совршена личност би требало да го има. Забавни сте, интелегентни, живи, но не и премногу, ја цените љубовта, ги цените пријателите, оптимистични сте… Ако се сетите на било која позитивна особина, слободно додајте ја на списокот, зата што со сигурност ја поседувате.

6 – шест

Вие сте изразено нежна личност. Емотивни, полни со разбирање кон сите. Меки сте како психички така и духовно. Лесно ве повредуваат. Вие сте уметничка душа, имате чувство за убавина, а и самите сте изразено убави. Вие освојувате уште на првиот поглед, а можете само да замислите што се случува кога луѓето ќе ја запознаат вашата внатрешност.

7 – седум

Вие сте изразено мисловна личност. Но истовремено сте и практичар. За вас би се рекло дека поседувате практична интелегенција. Паметни сте, но знаете својот памет да го искористите за свое добро. Често знаете да ги искористите оние мозочни потенцијали за кои другите може само да сонуваат. Неретко личностите родени под овој број се пророци, мистици, филозофи…

8 – осум

Се кај вас има практична вредност. Се што правите правите за своја корист. За вас љубовта е корисна, па не влегувате во врски без размислување за користа што може да ви ја донесат. Исто така и вашите пријатели ви се работните партнери, личности од кои би можеле да имате корист. Не сте негативна личност, само практичар.

9 – девет

Ако некому му треба совет за постапките, нека ви се обрати вам. Вие секогаш знаете што е правилно, а што не е. Почитта е вашата најголема доблест и темелот врз кој го градите вашиот живот. Ве краси уште голем број други позитивни особини и навистина е вистинско богатство кога вие сте во нечија близина.

 

9 comments

  • nekoj

    18 декември, 2012 at 13:33

    29.06.2000
    2+9+6+2=19
    9+1=10
    a za deset vie nemate

    Reply

    • popara

      18 декември, 2012 at 13:57

      sobirate se dodeka ne dobiete ednocifren broj! vo slucajov 1+0 = 1

      Reply

  • nekoj

    18 декември, 2012 at 13:32

    mene mi ispaga 10 a vie nemate za 10 ajde stavete

    Reply

    • popara

      18 декември, 2012 at 13:56

      1+0 = 1 (toa e vasiot broj)

      Reply

  • cicko Dzelat

    25 ноември, 2012 at 05:12

    So prasanja od tipot “ako zbirot mi e 10”, za vas e premija sto voopsto znaete da citate, a ne pa uste i da sobirate. By the way, koj vi go isklucuva kompjuterot koga ke zavrsite?

    Reply

  • Dejan Angjelkovic

    19 ноември, 2012 at 22:33

    збирот ми иде 28 значи 2+8=10,за десет нема мислам…
    21.06.1990,одговор ве молам

    Reply

    • popara

      20 ноември, 2012 at 09:16

      1+0=1 e vaseto brojce

      Reply

  • Mina

    19 ноември, 2012 at 16:27

    a ako zbirot mi e 10, sto? 😀

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma