Пред точно една недела Хајди Клум водушеви со својата улога на водителка на MTV Europe Music Awards во Франкфурт. Како и својот изглед!
И минатата ноќ на доделувањето на American Music Awards 39-годишната манекенка и мајка на четори деца уште еднаш ја покажа својата витка линија во златен фустан со изразито висок шлиц.
По завршувањето на вечерта на која имаше презентерска улога Хајди се опуштила со прјателката и на Твитер објавила фотографија на која се гледа како се подготвува да јаде хамбургер. Ова не е нејзина прва фотограија со брза храна. Пред неколку дена за време на нејзиниот престој во Германија, објавила фотографија на која позира со ход-дог.
Не може да не се забележи дека Хајди по разводот од Сил изгледа се подобро и подобро. Дали е тоа последица на излегувањето од сенката на сопругот или едноставно процвета како и секоја заљубена жена…