Тинејџерка раскажува за тоа како тајно го родила бебето, а потоа го удавила и неговото тело го спакувала во кутија за чевли.
-Очите не му беа отворени, а јас морав да се уверам дали дише. Кога видов дека дише, му ги ставив рацете околу вратот и го задавив, објаснила мајката.
Касиди Гудисон (14) обвинета е за првостепено убиство откако детално опишала како го убила своето штотуку родено бебе.
Гудисон криела од своите родители и пријатели дека е бремена. Со месеци облекувала широка облека за никој да не и го забележи стомакот.
Таа се породила во бањата во семејната куќа во средината на септември. Наместо да бара помош, таа ги прикривала пискотниците со силен млаз вода и пешкир межу забите. Бебето со со ножици го повлекла од себе, а потоа ја пресекла папочната врвца.
Гудисон проверила дали нејзиниот син има пулс, а потоа откако сфатила дека дава знаци на живот, го удавила. Лешот го ставила во кутија за чевли и го сокрила меѓу валканите алишта.
Мајката пронашла крв во бањата и веднаш ја однела ќерката во болница каде и рекле дека нејзината ќерка имала спонтан абортус. Гудисон и кажала на мајката дека е вистина дека имала спонтан абортус и дека фетусот го фрлила во wc школката и пуштила вода.
Три дена подоцна, нејзината мајка чистејќи ја собата го пронашла мртвото бебе во кутијата. Аутопсијата покажала дека бебето е родено здраво и на време, но дека починало од гушење.
Во видео реконструкцијата на настанот, кој го побарала полицијата, Гудисон седејќи во бањата во својот дом на Флорида и користејќи кукла и објаснила на полицијата како му го одземала животот на бебето.
“Очите не му беа отворени, а јас морав да се уверам дали дише. Кога видов дека дише, му ги ставив рацете околу вратот и го задавив, објаснила Гудисон пред полицијата покажувајќи на куклата како го задавила бебето.
Гудисон вели дека бебето го задавила со цел нејзините родители да не и се налутат.