Напаѓаат топлес калуѓерки

popara20 ноември, 20121min00
kalucerki

Католиците што се спротивставија на предлогот на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, да се легализираат геј-браковите и да им се даде право на посвојување на геј паровите, викендов излегоа на протест по улиците на Париз изразувајќи го својот револт, но наидоа на контра протест организиран од украинската активистичка група Фемен.

Членките на Фемен протестираа топлес, облечени како чесни сестри со транспаренти испишани на нивните тела, како поддршка за геј-браковите.

Но, судирот меѓу католиците и членките на Фемен се претвори во грда препирка каде почнаа да летаат навреди на сите страни, што подоцна се претвори и во физичка пресметка. Активистките за геј права се пожалија дека биле жртви на физичко насилство, но за волја на вистината и самите провоцираа дел од толпата католици прскајќи ги со спрејови в лице чиј изглед бил налик на сперма.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *