
Кралицата на шоубизнисот Мадона поставува граници кога се во прашање добриот изглед и годините! Како што во последно време ја покажува својата гола кожа, овој пат се разголила до крај за промо фотографиите на нејзината нова мирисна нота.
Всушност, 54-годишната поп сензација се соблекла до гола кожа пред објективот на фотографот кој го работи промо материјалот за нејзиниот најнов парфем Truth or Dare. Брадавиците на пејачката се покриени со името на нејзиниот најнов парфем, така што не се гледа баш сè.
Сепак, имајќи ги во предвид годините на Мадона и папарацо фотографиите, кои ги гледаме често, ни се чини дека малку претерале со фотошоп, бидејќи нејзиниот лице изгледа како на 20 годишна девојка.
