Потребни состојки:
- 4 стекови бело месо од 150гр
- 150гр сирење
- жолчка од јајце
- 5 лажици презла
- лажичка истолчена лута пиперка
- чешне лук
- сол, бибер
- 2 лажици масло
Начин на подготовкa:
Изматете го сирењето, жолчката, презлата и изтолчениот лук, додадете сол и бибер. Секое филе од белото месо засечете го да направите џеп, па од внатре и од надвор додадете сол и бибер. Џеповите наполнете ги со смеса од сирење и прицврстете со чепкалки. Пржете ги на загреано масло да поруменат од двете страни, а потоа ставете во рерна да се печат уште 15 минути на 180 степени.