Тајната на убавиот изглед е здравата храна! Погледнете што треба да имате на вашето мени

popara26 ноември, 20121min00
ubavina

Сите знаеме дека витамините и минералите имаат подмладувачко дејство врз кожата. Ако ги вклучите во својот режим на исхрана ќе имате гарантирано здрава и млада кожа, бидејќи ништо не ја храни кожата повеќе од она што го внесуваме преку храната.

Витамин А

Витаминот А е исклучително важен за здравата кожа. Тој помага при заздравувањето на кожата и ткивата. Треба да се прима преку храната како дополнување на секојдневниот крем што го користите. И дава влажност на кожата и делува против појава на акни. Ја прави кожата поотпорна на појава на брчки. Го има во рибата, млекото и млечните производи, маслата, зелениот зеленчук, моркови, домати, жолтите плодови.

Витамин Е

Витаминот Е е природен атниоксиданс и ја штити кожата од слободните радикали. Ја штити кожата од штетните сончеви зраци и од многу други негативни фактори. Го има во соиното масло, сончогледово масло, пченични ркулци, бадеми и квасец.

Витамин Ц

Витаминот Ц помага при заздравување на кожни рани и други кожни болести. Ја подмладува кожата. Познато е и дека витаминот Ц го помага имуниот систем во борбата со разни болести. Во најголеми количини го има лимоните, шипките,  пиперките, кивите, зелката, магдоносот и во многу други.

Витамин Д

Витаминот Д е природен антиоксиданс кој игра важна улога во кожната пигментација. Го има во путерот, маргаринот, црниот дроб и во повеќето рибни продукти.

Витамин Б

Витаминот Б го одржува здрав тонусот на кожата, помага при закрепнување од стрес, делува превентивно за многу кожни болести, кои можат да бидат предизвикани од стрес како што се егземите. Има неколку различни витамини во групата на витамини Б.

Витамин Б1 е антиоксиданс, кој го чисти организмот од токсините, и ја помага циркулацијата на крвта.

Витамин Б2  ја подржува кожата здрава и учествува во превенција на појава на акни.

Витамин Б3 делува за правилна циркулација.

Витамин Б5 делува за намалување на стресот.

Витамин Б6 го стимулира имуниот систем.

Витамините од групата Б се наоѓаат во пченицата, пченичните ркуци, оризот, оревите, бадемите, лиснатиот зеленчук, квасецот, црниот дроб, бананата, млекото и јајцата.

Цинк

Цинкот учествува во природниот процес на обновување на кожата. Тој го регулира прекумерното лачење на себум и со тоа прави превенција од појава на акни. Цикот е важен и за имуниот систем. Богати со цинк се говедското и јагнечкото месо, морските плодови и пченицните ркулци.

Совети за блескава кожа

–        Маска за лице од белка од јајце и мед нежно ги отстранува флеките од лицето.

–        Измешајте овесни јадки со мед, кисело млеко и мелени бадеми, нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 5 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

–        Краставицата е природно средство за чистење на кожата. Измешајте сок од краставица со млеко и употребувајте го како тоник за чистење на лицето.

–        За мазна кожа направете смеса од грозје, лимон и белка од јајце. Треба да отстои на лицето 20 минути и потоа се мие со млака вода. Лимонот е природно средство за чистење, грозјето ја омекнува кожата, а белката од јајце ја затегнува.

–        Измешајте мед, лимон и растително масло. Оваа смеса ја хидратира сувата кожа. Маската треба да стои на лицето десетина минути.

–        За сјајна и блескава кожа направете смеса од тиква, жолчка од јајце и млеко. Маската се остава да стои 30 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag