Збогатете ја водата со освежувачки и здрав вкус.
Здравото тело бара детоксикација на организмот. Супстанциите кои имаат негативен ефект на вашето здраво функционирање треба да се елиминираат, а наједноставен начин за тоа е да пиете доволно вода. Сите вие кои не сте љубители на оваа течност без боја, вкус и мирис, своите ‘маки’ за консумирање можете да си ги олесните со тоа што во водата ќе додадете билки кои ќе го збогатат вкусот и ќе ја подобрат нејзината ефикасност.
За и овој рецетжпт да биде поефикасен, потрените намирници исечете ги и ставете ги во сад или шише со вода и оставете да отстојат во ладилникот во текот на ноќта. Потоа можете да почнете со вкусна и здрава детоксикација.
- Лимон
Ова овошје навистина не е проблем да го набавите во текот на целата година, а исклучително е моќно за чистење на организмот.
Исцедете го во вода, ако сте сигурни дека не е прскано или на било кој начин хемиски третирано, исечете го на парчиња и додадете го во водата.
- Нане
Наместо да додадете шеќер – за кој веруваме дека не е потребно да повторуваме колку е штетен – сладост на водата ќе и додадете толку со нане кое го смирува воспалениот стомак и го подобрува варењето на храната.
- Краставица
Неколку парчиња од овој зеленчук богат со состојки кои помагаат на воспалените процеси, ќе овозможи дополнителна хидратација на организмот.
- Ѓумбир
Ако не сте навикнати на специфичниот вкус на овој корен, за почеток ставете помала количина, па подоцна по желба зголемете ја дозата. Прочистувањето на телото со ѓумбир е загарантирано, а одличен е и за регулирање на варењето на храната.