Најбрзиот човек, Јамајканецот Усаин Болт, слободното време го поминува во забава и искусување на нови нешта. Откако во понеделникот седна зад воланот на еден од најбрзите автомобили на денешницата Ферари моделот458 Italia i 599 GTB Fiorano, во средата во Минхен се потруди да ја долови улогата на DJ, заедно со познатиот германски рапер D-Flame. Во неговиот диџејски сет преовладувале јамајканските ритмови.