Трагедија на едно американско семејство во која синот пред да изврши самоубиство си го уби таткото и неговата девојка, ја шокираше светската јавност.
Според првите резултати од истрагата, 25 годишниот Кристофер Крам, во петокот во градот Вајоминг најпрво со нож нанел смртни рани на девојката не неговиот татко, 42 годишната Хејди Арнолд, а потоа отишол во едно средно училиште, каде го убил и својот татко, Џејмс Кран, додека тој држел час по математика.
По кратката борба, каде учениците избегале од училиницата, Кристофер го убил неговиот татко, погодувајќи го со стрела во главата, а потоа и самиот се убил.
Мотивите на двострукото убиство и самоубиство не се познати, но утврдено е дека Кристофер Крам ја убил Хејди Арнолд пред куќата во која таа живеела со неговиот татко.
Полицијата во училиштето во Вајоминг пристигнала на неколку минути пред убиецот да почине, бидејќи и самиот си нанел смртоносни повреди.
Соседите се зачудени бидејќи биле мирни и повелечени, а полицијата ги истражува мотивите за овие убиства и самоубиства.