Потребни состојки:
- 10 палачинки
- 500гр сирење
- чаша павлака
- неколку листови зелена салата
- конзерва туна
- бибер
Начин на подготовка:
Добро изгмечете го младото сирење и соединете го со кисела павлака. Туната исцедете ја од маслото, а зелената салата измијте ја и исушете ги литовите. На секоја палачинка нанесете дебел слој од смесата со младо сирење, па на еден дел ставете сецкани листови салата, а на друг распоредете ја туната. Цврсто замотајте ги палачинките и оставете да се оладат. Исечете ги така што ќе добиете парчиња со големина на залак.