Потребни состојки:
- 600гр бел компир
- 200гр посно сирење
- сол
- бибер
- магдонос
- лажица брашно
- масло
Начин на подготовка:
Комирот изрендајте го. Додадете рендано сирење, лажица брашно, сецкан магдонос, сол и бибер. Се добро измешајте, па од оваа смеса со лажица извадете малку и ставете во загреано масло. Обликувајте да личат на плескавици. Откако ќе се испржат сервирајте ги со зелена салата.