Со толку многу его во една просторија, тешко е да дојдеш до израз. Но, на младата Кендал Џенер тоа и успеало!
Многубројното семејство Кардашијан секоја година објавува божиќна честитка. Оваа година темата била “се бело”, така што целото семејство било облечено во бели комбинации.
Тешко е да се истакнеш со толку убави и познати лица, но на младата Кендал Џенер тоа и успеало благодарение на секси фустанот со разголен грб, и долгите нозе. Кендал се почесто е барана како манекенка, па не е ни чудо што ја истакнала својата најдобра страна.
Оваа година на божиќната честитка е и малата Пенелопе, второто дете на Кортни и Скот, а своето место го нашла и мачето Мерси која почина, поради вирусот кој ги зафатил нејзините внатрешни органи.
“Тоа е тоа! Нашата божиќна честитка за 2012. Одлично се забавувавме!”, објавила Ким на Твитер. Но, не биле присутни сите членови на снимањето. Клое признала дека таа и Ламар не можеле да дојдат на снимањето, па готографите дополнително ги ‘монтирале’ во семејната фотографија.