Бројни истражувања покажале дека мастурбацијата благотворно делува на човековото здравје. Помеѓу останатото, таа го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението.
Иако има и од оние кои сметаат дека мастурбирањето е штетно, науката всушност покажува дека таа е навистина ефикасна – како за физичко, така и за менталното здравје.
Стрес и расположение
Австралиска студија од 2010 година на која присуствуваа 150 лица, откриено е дека сексот помага во стресни ситуации. Откриено е дека истиот ефект го има и мастурбацијата. Поточно, за време на сексот или мастурбацијата организмот испушта коктел на хормони кои го смируваат телото, а со самото тоа се намалува стресот и анксиозноста.
Кардиоваскуларно здравје и дијабетес
Експертите местурбацијата ја поврзуваат и со кардиоваскуларното здравје, како и со намалување на ризикот од појава на дијабетес тип два. Неколку исражувања покажале дека женските оргазми – независно од тоа дали се постигнати од секс со партнерот или со мастурбација – ја зајакнуваат отпозноста на жените на кардиоваскуларни болести и дијабетес.
Дивеење на хормоните
Некои земји ја ограбруваат мастурбацијата меѓу тинејџерите. Британската влада во 2009 година ги наведувала тинејџерите да мастурбираат берем еднаш во денот. Зошто? Мастурбацијата на некој начин ги смирува хормоните и благотворно делува врз психо-физичкото здравје на тинејџерите чии тела се полни со хормони.
Несоница
Според некои студии, мастурбацијата е еден од најдобрите природни лекови за несоница. Многумина дури и несвесно се впуштаат во мастурбација по стресниот ден, бидејќи тоа ги смирува и им помага да заспијат. Мастурбацијата помага при ослободување на на допамин во телото кој е најголем во периодот пред климакс. По оргазмот, се лачи окситоцин и ендорфин, што јавува чувство на смиреност кај жената.
Инфекции
Мастурбација кај жените помага и во спречување на инфекција грлото на матката, но и благотворно делува на инфекциите на уринарниот тракт. Познато е дека мастурбацијата го намалува ризикот од рак на простатата кај мажите, а новите истражувања покажуваат дека го намалува и ризикот од рак на матката кај жените. Најголема заслуга за тоа има оргазмот кој “ ја отвора вратата” на матката и стимулира зголемување на добри бактерии.
Зајакнување на имунитетот
Благодарение на хормоните кои се лачат во телото за време на сексуалниот чин, но и за време на мастурбацијата, имунитетот станува посилен. Тоа значи дека се помалку сте подложни на различни болести.