Колку должи светот на крајот на светот?

popara20 декември, 20121min00
A planet collides with Earth
На неколку часа пред “судниот момент“, додека многумина бараат засолниште од крајот на светот, воопшто не е лошо да направиме една мала рекапитулација на долговите кои ќе останат зад нас.

Најголема “корист“ од крајот на светот би имале оние кои се најмногу должни.

Според “Глобалниот часовник на јавен долг“ на “Економист“, во црвената зона се Соединетите Американски Држави, Кина, Русија, Канада и Бразил, кои најверојатно ќе имаат најголема корист доколку светот го погоди катаклизмата, бидејќи биле вистински уметници во “билдање“ на јавниот долг.

Глобалниот часовник на јавен долг, кој во секоја секунда се зголемува, на 20-тина часа пред да се случи “денот “Д“ изнесува 49.563.096.143.488 долари.

“Крајот на светот“ можеби ќе и’ помогне на Грција да се апсолвира бидејќи нејзиниот јавен долг надминува 158,2 отсто од вредноста на бруто домашниот производ и во овој момент изнесува 407.019.125.638 долари.

Македонците може мирно да го причекаат крајот на светот, бидејќи должат само 2,7 милијарди долари, односно 1.307 долари по жител.

За Либија, Мали, Камерун и Азербејџан, можеби судниот ден нема да значи многу бидејќи тие зад себе ќе остават најмал долг од само околу еден до три милијарди евра.

Можеби предвидувањето на Маите не значи крај туку почеток на еден нов свет во кој зборовите криза, задолжување, долг, рекапитализација и слично ќе бидат само синоним за кризните години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag