Apple само што ја претстави четвртата генерација на iPad пред околу 2 месеци, па доколку овие гласини за новиот iPad се вистинити, растојанието помеѓу iPad 4 и iPad 5 ќе биде само 5 месеци. Дизајнот на новиот iPad ќе биде инспириран од iPad mini, ќе биде потенок и доста полесен.
Претходно сајтот DigiTimes исто така објавуваше дека новиот iPad ќе пристигне во Март 2013, но заедно со iPad mini, па овие гласини не се покажаа како толку точни.
Јапонскиот сајт пак досега неколкупати се покажа како доста прецизен со предвидувањето на овогодинешните iPod nano и iPod touch. Сепак, останува само да почекаме неколку месеци и да видиме какви планови има Apple за новиот iPad 5.