Сите твои пријателки имаат дечковци и се чудат како само ти си сингл? Дури и оние најдобри девојки понекогаш остануваат сами, а ако не си сигурна зошто е тоа така, можеби треба да поработиш на некоја од овие работи:
- Напорна си
Ако луѓето често те опоменуваат да го намалиш тонот и малку да се смириш, можно е да си напорна и за врска. Ако постојано сакаш да знаеш каде е твојот дечко и што прави, тој би можел тоа да го сфати како претеран интерес, а мажите таквото однесување многу ги плаши.
- Импулсивна си
Прво правиш нешто, а потоа размислуваш за тоа? Девојките кои се премногу импулсивни многу често на крајот остануваат без дечко, особено оние кои не сакаат премногу стрес во врската. Понекогаш е убаво да знаеш дека можеш да сметаш на некого, а премногу импулсивните личности не се вклопуваат во тој опис.
- Нестрплива си
Упаѓање на другите во збор, постојана потреба за се да биде онака како што вие сакате и генерално нетрпеливо однесување, многу ги одбива мажите. Едно е кога не можеш да дочекаш тој да се врати дома, но ако постојано го повикуваш и распрашуваш кога ќе се појави, ти си премногу нетрпелива.
- Компулсивно помагање
Твојот дечко го отвора фрижидерот, а ти веќе скокаш на нозе и му нудиш да му свариш нешто? Едно е да бидеш грижлива девојка, но ако со тебе се чувствува како да е во врска со неговата мајка,ќе сака да се ослободи од вашата помош.