На купе верзија на најбрзиот Бентли во историјата наскоро ќе се придружи и онаа без покрив, чија светска премиера се очекува во средината на јануари.
На Детроит салонот за автомобили би требало да се појави Бентли Континентал GT Speed кабриолет, чии први фотографии во ова празнично време протекоа на интернет…
Како и класичната купе варијанта Continental GT Speed и неговата кабриолет варијанта ги добила сите оние визуелни и технички модификации со кои се запознавме летото. Различна предна маска, поголеми дози на воздухот, различни издувни топови и 21-инчни тркала го најдоа своето место и на кабриолет верзијата на овој автомобил, а она што не може да се види од надвор е 6.0-литарски W12 битурбо со 625 KS и 800 Nm вртежен момент, благодарение на кои купето постигнува максимални 329 km/h и до сто доаѓа за 4.2 секунди.