Иако британските медиуми пишувале дека Тамара за време на посетата на ноќниот клуб “Анабел” била толку пијана, што нејзината мајка Славица морала да ја придржува, славната и богата наследничка вечерта ја започнала многу убаво. Се фотографирала во својот фустан со длабоко деколте, додека Петра позирала со својата мајка Славица, насмеани од уво до уво. Кој би рекол дека Славица Еклстоун наскоро ќе биде баба? Таа изгледа одлично
Минатата година сигурно била тешка за Тамара. Ја шокирало домашното видео на својот вереник со друга девојка, а шок претрпела и на крајот на летото кога нејзиниот татко се ожени со 46 години помладата Бразилка Фабиана Флоси.
Таа не се појавила на свадбата на својот татко. “За мене постои само една госпоѓа Еклстоун”, изјавила богатата наследничка.