Потребни состоки за 4 лица:
За тесто:
- 200гр компир
- 200гр шеќер во прав
- 250гр маргарин
- 400гр брашно
- Лажичка сода бикарбона
- Лимон
За фил:
- 150гр лешник + 50гр лупени лешници
- 100гр суво грозје
- 50гр локум
- 5 лажици џем по избор
За глазура:
- 100гр чоколадо за готвење
- 100гр маргарин
- Лажица масло
Начин на подготовка:
Компирот сварете го со лушпа, исцедете го и оставете да се олади, а потоа изгмечете го да добиете пире. Додадете маргарин, шеќер во прав, брашно, сода бикарбона, рендана кора од лимон и мешајте да добиете хомогено тесто.
Од тестото направете јувки, покријте го со крпа и оставете го на страна 30 минути. Тестото уште еднаш помешајте го, поделете на два дела и развлечете го на побрашнета работна површина.
Првата кора положете ја на дното на подачканот плех, премачкајте ја со слој џем, одозгора посипете мешавина од суво грозје, исецкан локумм и крупно исечен лешници, па поклопете со друга кора. Печете 30 минути во рерна загреана на 180 степени.
За тоа време на пареа растопете чоколадо и маргарин, додадете масло, силно помешајте и оваа глазура истурете ја преку оладениот колач. Украсете со цели ислупен лешнци, исечете на коцки и до сервирање чувајте во фрижидер.