Потребни состојки:
- 300гр телешко месо
- 350гр шунка
- 200гр путер
- 200мл бренди
- лажица брашно
- 200мл млеко
- 250мл неутрална павлака
- 2 лажици желатин
- жалфија
- 50гр сецкани бадеми
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
На дното на калапот во кој ќе ја продготвувате пифтијата ставете хартија за печење или фолија, за јадењето подоцна полесно да се одвои од калапот.
Растопете четвртина од путерот, додадете сецкана жалфија, сецкано месо на коцки и се заедно пропржете. Додадете сол и бибер, прелијте со половина бренди и динстајте додека алкохолот не испари, па тргнете од оган и оладете. Истата постапка повторете ја и со сецканата шунка. Месото и шунката помешајте ги. Од третата четвртина од путерот, брашното и чаша млеко направете бешамел во кој ќе додадете сол и бибер. Останатиот дел од путерот растопете го додадете го во месото и помешајте. Додадете две три лажици бренди, оладениот бешамел и повторно мешајте. Желатинот растопете го според упатството, а бадемот исечете го на половинки. Желатинот истурете го на дното на калапот, само да го покрие дното. Преку него распоредете сецкан бадем и малку сецкана шунка, па повторно тенок слој желатин. Ставете во фрижидер да се стегне. Останатиот дел од желатинот додадете го во подготвената смеса и истурете во калапот преку првиот слој. Оставете неколку часа во фрижидер добро да се стегне, па спрефрлете на послужавник.