Како да станете секс бомба во креветот?

popara11 јануари, 20131min00
bomba

Познатиот сексолог Трејси Кокс подели неколку совети кои на жените може да им помогнат да станат динамит во креветот.

Чувствувајте се добро во своја кожа

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека се посреќни жените кои за себе имаат добро мислење, односно оние кои се чувствуваат добро во своја кожа.

-Илјадници истражувања покажале дека самоуверените жени повеќе уживаат во сексот, бидејќи знаат да ги иницираат нештата, но и да го бараат она што го сакаат. Жените се грижат за своите облини, а мажите токму тие ги привлекуваат- напоменува Трејси.

Научете да го прегрнете

Токму како и жените, и мажите сакаат допирање, галење, масирање… Нека биде ова вовед на вашата сексуална иницијатива. Започнете со масажа на главата онака како што тоа го прави вашата фризерка кога ви ја мие косата. Потоа продолжете со масажа на вратот, рамената и понатаму… Последна точка нека биде неговиот полов орган. Тој ова никогаш нема да го заборави.

Предигра

За повеќето мажи предиграта всушност значи орален секс. Но, женитезнаат дека на оваа област има многу повеќе. Трејси жените ги советува да ги научат своите партнери што се може да се прави во предиграта.

-Потребно е за жените да бидат малку храбри и креативни и да ги научат своите мажи дека предиграта може да биде прекрасна – вели Трејси.

Бидете непослушни

Мажите претпочитаат да прават безобразни работи и сакаат таков секс, а тоа е оној кој се одвива на места на кои не би требало.

-Излезете на вечера без гаќички, а потоа тоа кажете му го за време на вечерата. Или викнете го да дојде во вашата канцеларија, па иницирајте секс. Тој од среќа нема да може да поверува што го снашло – вели Трејси.

Усовршете ја рачната работа

-На жените задоволувањето на мажите со рака им е последно на листата на сексуални приоритети, но мажите тоа го сакаат. Впрочем, многу жени кои ги среќавам велат дека се несигурни по тоа прашање, бидејќи се плашат дека не знаат како се прави тоа – вели Трејси.

Напоменува дека е доволно да ги загреете рацете, да ги намачкате со лосион и да да го слушате партнерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag