Бијонсе и Џеј Зи потрошиле 200.000 долари на роденденската забава на својата ќерка Блу Ајви.
Како што пишува The Sun, пејачката и раперот првиот роденден на нивната ќерка го прославиле минатиот понеделник, а според изјавите на неименувани извори, пари воопшто не штеделе.
Родителите со семејството и пријателите организаирале тематска забава за време на која нивната ќерка е прикажана како принцеза. На розовите и бели рози се потрошени 95.000 долари, тортата ќинела 2.000 долари, а играчките и подароците за гостите 30.000 долари. Подарокот за Блу Ајви, Барби кукла со дијаманти, која чинела 80.000 долари.
“Ништо не е премногу големо или премногу скапо за нивната мала принцеза. Сакаа нејзиниот прв роденден да постави некои стандарди за остатокот од нејзиниот живот. Работат напорно за своите пари и прво што сакаат е да ги потрошат за нивното девојче”, изјавил неименуван извор.