Во светот на модата и убавината се случуваат различни соработки, од кои некои раѓаат неверојатни резултати и создаваат трендови.
Со сигурност ние не сме обожавателки на аплицираниот маникир, но тоа не не спречува да ја оцениме како импресивна уметност.
Па кога веќе зборуваме за соработките, последна таква е меѓу брендот за накит Melody Ehsani и брендот на лакови и аксесоари за нокти NCLA. Налепниците за нокти се живи, шарени и доминантни. Вистинско лудило во визијата на секоја дама.