Потребни состојки:
- 500гр лиснато тесто
- 200гр свежо сирење
- 200мл слатка павлака
- 200гр исецкана шунка
- 100гр рендан кашкавал
- 2 јајца
- 20гр путер
- брашно
- сол
Начин на подготовка:
Сирењето изгмечете го, слатката павлака изматете ја со јајца, додадете половина изрендан кашкавал и исецкана шунка, посолете по вкус, па се соединете. Развлечете го лиснатото тесто на пет милиметри дебелина, па со него обложете го дното и ѕидовите на садот за печење и избоцкајте го со вилушка. Одозгора ставете го подготвениот фил и печете во рерна околу 20 минути на 200 степени. Додека тортата е топла, посипете ја со рендан кашкавал.