Кога се споменуваат контроверзии и желба за пет минути слава, многумина се сеќаваат на 18-годишната Кортни Стоден.
Стана позната по бракот со 34 години постариот Даг Хачерсон, но и голите изданија со кои секојдневно ја забавува јавноста.
Така, Кортни објави неколку фотографии на Твитер каде на сите им покажа како ужива во топлите денови. Инаку, Кортни објавува многу фотографии на Твитер за да се промовира, но и како што самата вели,’нормално е да се фалам кога вака добро изгледам!’.
“Моето тело е искапено од сонцето”, напишала под една фотографија. Облечена во розово бикини, старлетата во преден план ги ставила своите бујни гради, а лицето го покрила со голема шапка.