Направете си своја домашна козметичка лабараторија со неколку лажички од ‘магичниот’ прашок.
Натриум бикарбонат или т.н. сода бикарбона е толку универзално средство што секој ден некој некаде му измислува нова апликација. Магичното својство на ова соединение е неговиот противокиселинен ефект како резултат на својството.
Го чисти лицето
Сода бикарбона ефикасно ги отстранува митесерите и мртвите клетки и ги отпушува порите. Суптилните гранулки ја вршат оваа тешка работа. А антисептичното дејство на содата спречува воспаленија и црвенило на кожата.
Она што треба да направите е да помешате сода со вода за да добиете густа каша. Нанесувајте ја врз лицето со кружни движења во времетраење од 2-3 минути. Потоа исплакнете со топла вода, а потоа, за да бидат блокирани порите – со ладна. Конечно намачкајте го лицето со хидратантен крем.
Таквата употреба на сода е добредојдена на кожа, склона на акни.Со оваа процедура се губи влагата на кожата, па затоа е важно потоа да се нанесе соодветен крем.
Без ќеси под очите!
За таа цел повторно се прави раствор од сода и вода, но овој пат нека биде малку по-течен од горе споменатиот. Потопете две козметички памукчиња во смесата и ставете ги врз очните капаци. Држете ги за околу 15-20 минути. По околу 2 часа може да ја повторите постапката, ако отоците не се намалени.
За чиста и средена коса
За поефикасно миење на косата додадете сода во шампонот во сооднос 1 до 4. Со тоа косата ќе стане мека, поеластична и истовремено полесна за обликување. Ефектот доаѓа оттаму дека содата ги отстранува дури најситните честички, останати од препаратите за коса.
Ги избелува забите
Поради зрнестата структура, содата ги чисти забите и ја полира забната глеѓ. Стоматолозите сепак препорачуваат слични домашни процедури да се прават што е можно поретко.
Против лош здив
Со сода бикарбона лесно се отстранува лошиот здив, резултат на ферментација на присутната храна. За целта растворете половина лажичка во голема чаша вода и испијте ја.
Против габички
Рецептот е: лажица сода во еден литар вода. Со добиениот раствор измијте ги погодените места. Натриум бикарбонатот го попречува развојот на габите, кои се шират во кисела средина, а како што веќе рековме, содата има притивокиселинен ефект.
За добро варење на храната
Пред јадење или додадена во зготвената храна, содата ја алкализира средина на желудникот која има природна киселост.
Отстранува херпес
Нанесете малку сода на заразеното место. Содата ќе ги неутрализира бактериите и херпесот ќе исчезне многу побрзо.
Помага при цистит
При инфекции на уринарниот тркт исто можете да си помогнете со натриум бикарбонат. Повторно разворете лажичка сода во чаша вода и испијте ја смесата. Во деновите кога болките се особено силни, пијте по еднаш или два пати дневно.
И покрај волшебните својства на сода бикарбона, треба многу да се внимава со нејзината употреба. Инаку нејзиниот ефект може да биде доста опасен. Натриум бикарбонат може да го лиши организмот од важни витамини и минерали, па затоа обидете се да го ограничите неговиот прием на минимум, особено кога зборуваме за внатрешна употреба.
Важно е да знаете исто така дека никогаш не треба да користите сода прав, секогаш растворена во вода.