Нова експлозија во рудникот во Нов Зеланд, нема преживеани

23 ноември, 20100

Се верува дека никој од 29-те рудари кои од пред пет дена беа заробени во рудник на Нов Зеланд повеќе не е жив, откако ноќеска се случила нова силна експлозија која никоја не би можел да ја преживее, соопштила полицијата, јавуваат светските агенции.
За сега не се знае што би можело да ја предизвика втората експлозија, откако спасувачите ништо не сториле во таа смисла, изјавил еден службеник за агенцијата АП.
Спасувачките екипи успеале вчера, по неколку обиди, да го пробијат влезот до главниот тунел во рудникот за јаглен Пајк Ривер на југот на Нов Зеланд, но од отворот наишол топол воздух заситен со метан и јаглеродмоноксид и со мал процент на кислород, што ги оневозможиле спасувачите да продолжат со потрагата. Следниот чекор во спасувачката акција би требало да биде во отворот, широк 15 сантиметри и долг 162 метри, да спуштат видео камера со цел да се испита дали во окното има знаци на живот, како и да се пушти специјален робот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi