Можеби на водителот и победник на популарното реално шоу овој потег му се допаднал, но на неговата девојка и на Бред Пит сигурно нема!
– Нешто од летоска. И велам на Анџелина дека јас не ги сакам црвените килими, но што да правам, морав да се прошетам по нив – напишал Андреј Мариќ покрај фтографијата.
Победникот на „Survivor“ не открил дали сам си поиграл со фотошопот или некој негов пријател сакал да се пошегува со него, но крајниот резултат е многу симпатичен. Наместо лицето на Бред Пит кој стои на црвениот килим до Анџелина Џоли, се нашло лицето на српскиот водител. Неговата рака се наоѓа на задникот на сексапилната холивудска актерка и така насмеани се смешкаат пред објективите. Колку се делува смешно, можете и сами да погледнете!