Што ќе добиете кога ќе споите работи на кои не можете да им одолеете – чоколадо и млечна купка? Совршено кремаст и пријатен чоколадно-млечен третман. И што е уште поважно, секој може сам да си го подготви. Затоа, само напред. Употребете чоколаден прав и почестете се со оваа раскошна и неодолива купка!
Потребни состојки:
- Чаша прашок за пециво
- Чаша какао
- Чаша чоколадо во прав (содржи помалку какао путер)
- Две лажици пченкарно брашно
- Две лажици цимет
Исто така можете да додадете неколку лажици етерични масла како лаванда или екстракт од ванила.
Како да се подготви купката?
Неколку лажици од смесата загрејте во тавче заедно со етеричните масла, се додека не се поврзат состојките. Добиената смеса истурете ја во бањата и добро измешајте. И тоа е тоа! Вашата неодолива чоколадна купка е подготвена! Можете да додадете и сол за добро да ги отстраните мртвите клетки.