Потребни состојки:
- 1 багет
- 1 кг. домати
- 1 лажица свеж босилек
- 250 гр. моцарела
- 50 мл. маслиново масло
- Сол и црн пипер
- Неколку ливчиња нане
Начин на подготовка:
Исечете го багетот на парчиња со дебелина од еден сантиметар. Направете смеса од маслиновото масло и солта, па премачкајте ги сите парчиња и печете ги во намрсена тава на температура од 200 степени целзиусови околу 10тина минути, се додека лебот не стане крцкав.
Исецкајте ги доматите на ситни парчиња, па додадете 2 лажици маслиново масло, ситно сецканата моцарела, ситно сецканиот босилек и наросете сол и црн пипер, па промешајте. Со смесата филувајте ја секоја брускета.
Ставете ги брускетите на чинија за сервирање, украсете со ливчиња нане и послужете додека се топли. Добар апетит!