Ким Кардашијан и Кание Вест, купиле нова вила во Калифорнија, за 11 милиони американски долари…
Вилата се наоѓа во ексклузивниот дел на Калифорнија, Бел-Ер. Нови соседи им се Џенифер Анистон, Крис Пол и Џо Френсис. Се протега на 1300 квадратни метри. Поседува 5 спални соби, 8 бањи, салон за убавина, теретана, кино, кошаркарското игралиште, внатрешен и надворешен базен…
Дизајнирана од архитектот Рон Фирстон, вилата навистина изгледа импресивно. Мешавината на модерно и рустикално, е искомбинирана на извонреден начин од страна на овој уметник. Врати од рачно ковано железо водат во ходникот кој го краси паркет од дрво од орев…од ходникот се влегува во двоспратна дневна соба, која со својот ентериер нуди нереално задоволство. Просторот е украсен со два камини, уникатен декор, гламурозен мебел, најсовремени технологии, што ќе им овозможи на оваа двојка навистина раскошен одмор. Во склоп на дневната соба, се наоѓа простор со ѕидарски камења, идеален за чување вино.
Библиотеката, романтичните ентериери, служат за опуштање со камин и книга. Главниот апартман поседува голем мермерен камин, совршен дизајн, кралска бања со џакузи, најсовремен масажер, сауна …
Погледнете ги фотографиите од оваа гламурозна вила ….