Што е љубов на Македонски начин со Шарпланински акцент?!

popara13 февруари, 20131min00
Love-letter1-1024x840

Кога ќе речеш некому: те сакам, има некоја тежина нели? Барем јас мислам дека има, зошто ако се расфрлаш со сакање насекаде, само сакат можеш да останеш на крајот и ништо повеќе. Затоа со сакањето- претпазливо!!!

Ќе сакате исклучиво преку лето и тоа во Август , се разбира после Илинден, за да можеш на раат да се качиш на коњ на Мечкин Камен нели!

После тоа ќе сакаш во Септември ама после 8ми за да можеш да го јавнеш Ацета на плоштад, и тоа со знаме на Македонија, за да може да те примети Премиерот, нели?! Така најлесно се докажува љубов, ама од друг орален аспект!

Во Октомври не прави пауза и сакај, ама претпазливо за да не те фатат на саканата Шарпланинците! Зошто секоја куќа мора да има по некој Шарпланинец, како следбеник на Купувај Домашни Кучиња, нели?!

Во Ноември,  ако не те фатиле Шарпланинците во Октомври, ќе го јадеш стапот- гарант! Тогаш Шарпланинците ги фаќа паника од студот, па сакањето може да ти оди курбан. Затоа сакање во зима- исклучиво забрането!

А не беше бе така, нели?! Велат старите кога е ладно под јорган, најлесно се прават деца! Тогаш сакањето има некоја сексуална конотација, па љубовта изгледала порелано од било кога. Ти ја гушкаш зошто ти студи, таа те гушка од иста причина, и се така во круг, па кај и да е за 9 месеци – оп бебенце!!

Денес со парнава парче направија! Што би рекле Срби: сад га видиш сад га нема, па незнаеш кога смееш , а кога несмееш да сакаш! Зошто ако фатиш парно после 9- наеба!! Нити таа ќе те гушка , ниту пак тебе ќе ти дојде до гушкање. Затоа кога се празници во прашање- САКАЊЕ НЕМА!!! Тоа ќе да е со парното поврзано- нели?

Е после Нова Година сакањето ќе го заретчите до Пролет, зошто ако сте приметиле, новчаникот Ви е се попразен, а и од празници аир да не видиш ти велат, па што помалку сакаш, толку поефтино ќе пројдеш!

На Пролет ќе почнеш да сакаш, ама без залетување! Зошто на Шарпланинците им дошло време за парење, па да не ти налета некој Шарпланинец од позади, па од сакањето сакат во газот да останеш!

Во Мај тебе ќе те сакаат најмногу, поготово ако ги носиш некаде за Први! Тогаш и да несакаш, сакат ќе одиш гарант!

Јуни и Јули избегнувај љубов! Ќе те чини премногу а ефектот ќе ти биде ист како да ја сакаш и во Октомври! Ќе те сака.. ќе те обожава додека не ја вратиш од Грчка.. или Турција можеби!

А ако ја вратиш од Азурна обала- наеба!! Ќе продолжи да те обожава, додека не ти ја исцица и последната капка љубов!! Е тогаш сакањето ти ојде курбан! После тоа и да сакаш- никој нема да те сака!

Затоа: Ќе сакаш од 25 ти Август до 5 ти Септември, претпоставка дека си завршил предходно со сите одмори, празници и друга спортска занимација by the book!!!

* Внимание: Секогаш внимавај Шарпланинецот да не те изненади!! Колку и да е наше, куче си е куче- диво е!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag