ПОЗНАТИ МАСОНИ ОД САД – ПРВ ДЕЛ

popara23 мај, 20112min03
Untitled

Земјата во 16 и 17 Век доживеала колонизација во три дела: Шпанија(Флорида, Тексас, брегот на Пацификот), Франција(Големите езера и Луизиана) и Британија(брегот на Атлантикот). Голем број на доселеници од Европа пристигнале како економски, верски и политички азиланти, (a) некои како злосторници биле протерани од своите држави. 13 колонии успеале да изборат независнот од Британската Круна. За Британците со тоа била отстранета опасноста од мислењето на Холандија и Франција според договорот во Утрехт(1713)и Париз(1763).

Jonathan Belcher

Активностите на слободните ѕидарите се појавиле пред 1717 година. Тоа произлегува од едно писмо на цариникот John Morrea од Филаделфија од 1710 година каде што пишувало ”Поминав неколку вечери на Масонски собири со моите Масонски браќа”. Првиот Американец во времето на колонијализмот кој станал слободен ѕидар бил Johnatan Belcher од Бостон, покасно станал и Гувернер на Масачусетс, тој бил примен во 1704 година во Лондонското “Society of Masons”.

Benjamin Franklin

Во 1730 година Benjamin Franklin во своите новини пишувал за успешните формирања на Ложи низ Америка. Според него, Ложата “ Tun Tavern” во која тој бил примен во 1731 година е првата Ложа која била формирана во Америка.Daniel Coxe во 1730 година го добил патентот од Војводата од Нофролк за именување на Провинциски голем господар на ЊуЈорк, Њу Џерзи и Пенсилванија, каде во 1734 година било проширено на сите Ложи во Северна Америка.

John Marshall

Во Април 1733 година, Големата Ложа на Англија го назначила братот Henry Pricea за Провинциски голем господар на Нова Англија и сите преостанати земји и територии кои и припаѓале во тоа време. Потоа тоа се конституирало како Провинциска Голема Ложа на Масачусетс, и била прва Ложа отворена во Бостон, која во 1783 година станала Ивановска Ложа. Околу 1750 година се зголемува силното влијание на “Старите” (Големата Ложа на Шкотска), и во Бостон се формира Ложата “St. Andrew”. Напнатоста која владеела помеѓу тие две Ложи ја потикнала Големата Ложа на Шкотска да формира една Провинциска Голема  Ложа во 1789 година. Таа за 20 години формирала уште 30 нови Ложи, но поголемиот број од нив биле во другите Северно-американски колонии. Така во Масачусетс имало две провинциски Големи Ложи кои се соединиле во 1792 година. Ложата “St. Andrew” чекала да се придружи на Големата Ложа се до 1809 година.

James Madison

Противењето на колонистите во тоа време во историјата било познато како “Boston Tea Party”. На 16 Декември 1773 година, слободниот ѕидар Samuel Adams одржал говор кој го завршил со зборовите: “Овој собир не може ништо да направи за спас на татковината”. Тоа допринело до уништување на една компанија која произведувала чај, Британска Источно-индиска компанија. Тој протест кој бил наменет против данокот за чај, која го имала воведено Англија и тоа допринело до заострување на конфликтот помеѓу Северно-американските колонии со матрицата Велика Британија.

George Washington

Војната за независност започнала со битката кај Бункер Хил на 17 Јуни 1775 година и завршила со капитулација  на
Јорктаун, 19 Октомври 1781 година. Pierre Itor, Циришки публицист кој пишувал за слободните ѕидари и нивната независност, напишал: Тоа што се тврди дека прогласувањето на Американската независност е дело на слободните ѕидари, е точно, барем статистички: 50 од 55 членови на конститутивниот Национален собир, сите гувернери на 13-те држави оснивачи, 20 од 29 генерали на Georg Washington и 104 од неговите 106 службеници биле активни слободни ѕидари, Творецот на Декалрацијата за независност, Thomas Jefferson исто така припаѓал на една Ложа. А Jürgen Holtorf додава следното: James Otis кој предходно ги бранеше човековите права пред судот, Alexander Hamilton , koj како член на Законодавното собрание на ЊуЈорк го скицирал нацрт уставот на САД, John Marshal, Американски врховен судија, James Madison како и целиот кабинет на Georg Washington сите тие биле слободни ѕидари. Во сојузот припаѓале и Jefferson и Monroe. По војната за независност, започнала постапната преобразба на Провинциските Големи Ложи во Големи Ложи на Сојузните Држави кои постојат и денес. Посебен развој доживеала државата Луизијана. Од 1794 година, француските избеглици се собрале во Ложите “LaParfaite Union” и “L’Etiole Solaire  под патронатот на Големата Ложа Марсиела, која во 1804 година се придружила кон “Grand Orient de France”(GOF).

Првата Ложа која работела на англиски јазик настанала под влијание на Големата Ложа на ЊуЈорк. Кога Луизијана во 1812 година се приклучила кон Сојузот на држави, седум Ложи работеле според одредбите на Јорк под ГолематаЛожа на Пенсилванија, Јужна Каролина и ЊуЈорк. Ложите кои работеле нафранцуски јазик ја формирале Големата Ложа на Луизијана, но повторно падналапод влијание на Големиот Ориент на Франција благодарение на своето Францускопотекло. Подоцна во 1848 година Големата Ложа наМисисипи формирала 7 Ложисо цел формирање на Голема Ложа на Луизијана. Имало многу несогласувања меѓунив, но сепак во 1850 година тие се соединиле.

Прогласувањето на независност на 4 Јули 1776 година, формирало една федерална држава таа набргу се зголемила благодарение на големите територии кои биле освоени во западниот дел на Америка. Со купувањето од Франција, големи територии околу Луизијана во 1803 година, се отворил пат кон Западот. Благодарение на големиот број на доселеници, бројот на жители од 4 милиони во 1790 година, прераснал во 31 милон во 1860 година, а веќе во 1914 бројот се зголемил на 91 милион жители. Сецесионистичката војна која наводно била наменета против укинување на ропството, на земјата и нанело долгорочни штети.

Големиот индустриски развој и освојувањето на нови територии(кое завршило во1800 година), земјата ја направило една од најмоќните во почетокот на 20-ти век. За таквиот напредок на земјата голем удел имале слободните ѕидар.( пример сите произвдувачи на автомобили биле нивни членови, Henry Ford, Studebaker, Chrysler и Olds).

 

3 comments

  • Gogo

    5 јули, 2011 at 14:45

    Amerive se promisleni a nekoj ima malku pogolemo vlijanie, odma go lobiraat i mu go naogaat pravoto mesto.

    Reply

  • Franjo

    5 јули, 2011 at 14:43

    Masonite go vrtat svetot

    Reply

  • Franjo

    5 јули, 2011 at 14:42

    Dali paga vlijanieto na masonite na svetsko nivo.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag